Хрватска ги претстави мерките за штедење

Министерот за финансии на Хрватска, Славко Линиќ, ги претставил мерките за штедење со кои Владата планира да ги исполни препораките на Европската комисија за намалување на буџетскиот дефицит.

Потесниот кабинет на Владата ги утврди насоките за ребаланс на буџетот врзани за примена на процедурите за намалување на прекумерниот дефициткој што ги надминува приходите за 4,7 милијарди хрватски куни или над 613 милиони евра, додека расходите би требало да бидат помали за вкупно 3,6 милијарди куни односно над 470 милиони евра.

Министерот најави зголемување на даноците на игра на среќа со очекувана заштеда оваа година.

Дефицитот ќе се намали и со помош на јавните претпријатија кои оваа и следните две години во буџетот ќе уплатуваат добивки.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.