Хрватска и Камерун го наместиле мечот на СП 2014, ФИФА започна истрага

105

Натпреварот кој е одигран на 18 јуни и заврши со победа на Хрватска со 4:0 е под истрага поради високите заработувачки на обложувалниците.

Ралф Мучке, директорот на безбедност на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека постои можност натпреварот од второто коло на групата А на Светското првенство во Бразил меѓу Хрватска и Камерун да е наместен.

Поради високите заработки на обложувалниците, Мучке изјави и дека се проверуваат сите натпревари кои досега се одиграни на Мундијалот.

Селектрот на Камерун, Волкер Финке, веднап демантирал дека резултатот за овој натпревар бил наместен.

„Можам да кажам дека добро го познавам својот тим и дека нема договор за местење на натпреварот. Мислам дека е невезможно такво нешто да се случи. Не сакам ни да размислувам за тоа. Мое е да се грижам за она што се случува на теренот, но повторувам дека моите играи тоа никогаш нема да го направат“, вели Финке.

Ниту Хрватска, ниту пак Камерун не изборија пласман во осмина финалето на Светското првенство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.