Хрватска ќе аплицира за влез во Шенген зоната

За Хрватска многу е важно прашањето за влез во Шенген зоната и поради тоа на почетокот од јули ќе аплицира за полноправно членство, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ по средбата со естонскиот премиер Тави Роивас, објави МИА.

Милановиќ оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и покрај географската оддалеченост.

– Нашите билатерални односи се многу позитивни, а постои голем потенцијал во многу сектори, како што е туризмот – посочи Роивас, изразувајќи задоволство од директната авиолинија меѓу Талин и Загреб, која им овозможи на Естонците да ја запознаат Хрватска.

Тој истакна и дека ако Европа го либерализира дигиталниот пазар, земјите ќе можат да разменуваат услуги без оглед на границите.