Хрватска ќе ја услови Србија со границата на Дунав?

И покрај собраниската Декларација за промоција на европските вредности во југоисточна Европа, хрватските власти ќе ги искористат пристапните преговори на Србија за влез во Европската унија како одредено средство на притисок, конечно да се уреди границата меѓу двете земји, пишува весникот „Нови лист“.

Хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ, на конференција за новинари, најавил дека границата со Србија на Дунав е важно прашање кое мора да биде решено и деа тоа ќе биде еден од условите на Хрватска, а извори во владата велат дека Загреб „едноставно мора“ да го наметне прашањето на границата додека Србија преговара за членство.

Во собраниската Декларација за промоција на европските вредности од 2011-та година се истакнува дека „цврстиот став на Хрватска отворените прашања меѓу двете земји не смеат да го закочат пристапот на земјите кандидати во Европската унија“.