Хрватска: Момче доживеа нервен слом бидејќи снемал Интернет

Во Хрватска секоја година се регистрираат од 12 до 14 нови случаи на зависност од Интернет, а станува збор за деца и млади од седум до 18 години, пишува „Слободна Далмација“.

Весникот пишува дека најмладиот забележан зависник од Интернет доживеа напад на лудило и поблаг нервен слом кога родителите ќе ги остават без Интернет.

Момчето „полудело“ и почнало да крши се’ по станот.

Освен тоа што предизвикува зависност, прекумерното користење на Интернет кај децата предизвикува и други последици. Поминувајќи се’ повеќе време на компјутер или со „паметен телефон“ децата ги губат социјалните вештини што ги прави да бидат лесен плен за педофили или жртви на насилство, кои што на Интернет се шират со голема брзина.

Во Америка веќе постојат тераписки кампови за зависници од WWW во кои што терапиите траат и до три години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.