Хрватска од туризам заработила 6,6 милијарди евра

Хрватска од јануари до септември минатата година од туризам остварила приход од 6,6 милијарди евра, соопштила Хрватската народна банка.

За трите летни месеци се остварени 200 милиони евра повеќе приходи од претходната година.

Вкупната заработка од туризмот во 2013-та година би можела да биде поголема од седум милијарди евра, додека рекордната туристичка година и понатаму е 2008-ма година.