Хрватска погодена од силно невреме кое предизвика поплави и големи материјални штети

Делови од Хрватска беа погодени од силно невреме кое предизвика поплави и големи материјални штети. Силниот дожд предизвика поплави во Пожега и направи големи штети, а пожарникарите имаа голем број интервенции, пренесуваат хрватските медиуми.

Невреме пропратено со силен дожд и мраз доведе до затворање на одредени улици во тој град.

Извршени се повеќе од 30 интервенции во кои учествувале 20 пожарникари со шест возила, објави Index.hr
Малку северно од Пожега, во градот Чачинци, уништена е нова градинка.
Силно невреме вчера ја зафати вировитичко-подравинската жупанија, а поради град и обилни врнежи од дожд најголема штета е направена во општина Чачинци.