Хрватска поради заштита на граѓаните од пандемијата го одложува пописот на населението

Покрај Србија, Бугарија, Германија, Шкотска, Ирска, Косово, Аргентина и неколку сојузни држави во САД, и Хрватска го одложи пописот на населението поради пандемијата од коронавирусот. Пописот требаше да се одржи од 1 до 7 мај 2021 година, пренесув ХРТ.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски посочува дека Хрватска на еден милион жители има 1,322 починати, додека во нашата земја смртноста е 1,450 на милион жители.