Хрватска: Постапка против Пленковиќ и министри од ХДЗ поради судир на интереси

20

Комисијата за судир на интереси во Хрватска денеска донесе одлука за покренување постапка против премиерот Андреј Пленковиќ, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, поранешниот министер за земјоделство Томислав Толушиќ, поранешниот министер за демографија Нада Мурганиќ и поранешниот министер за администрација Ловре Кушчевиќ заради патувања на претставници на ХДЗ со владин авион во Хелсинки.

Тие патувале со авион на конгресот на Европската народна партија во ноември минатата година, јави телевизијата Н1.

Комисијата одлучи да почне постапка затоа што тие не доставиле документација за патувањето во Хелсинки и тоа врз основа на член 5 што се однесува на кршење на принципот на извршување функција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.