Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ, а Словачка со најниски ренти

– Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.

578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во 2022 година било најевтино во Хрватска, а најскапо на Малта, додека рентите биле најниски во Словачка, а највисоки во Холандија.

Според податоците на Евростат, цените и рентите на обработливото земјиште се разликуваат не само помеѓу членките на ЕУ, туку и помеѓу региони во самите земји, како резултат на широк спектар на фактори, меѓу кои националните законодавства, инфраструктурната поврзаност и капацитети, климатските услови, квалитетот на почвата, можноста за сопственост на странски државјани, како и од понудата и побарувачката.

Така, помеѓу 21 земја членка за кои има достапни податоци за 2022 година, еден хектар обработливо земјиште во Хрватска во просек чинел 3.

700 евра, што ја прави земја со најевтини земјоделски површна, додека за парцела со иста големина на Малта требало да се одвојат просечно 233. 230 евра.

Како главна причина за високите цени на обработливото земјиште на Малта се наведува неговата ограничена достапност на оваа мала островска држава.

Од друга страна во три членки на ЕУ се регистрирани значителни разлики во цените на обработливо земјиште во зависност од регионот во кој се наоѓаат.

Така, во Холандија, каде хектар обработливо земјиште во просек чинел 85. 431 евра, во регионот на Фризија ораница со оваа големина можела да се купи просечно за 66.

051 евра, а во Флеволанд за дури 150. 644 евра за хектар.  Во Грција, пак, каде националниот просек изнесувал 13.

571 евра за хектар, во регионот Западна Грција, долж брегот на Јонското Море, хектар обработливо земјиште чинел 6. 290 евра, во областа на Атика – 84. 820 евра.

Третата земја со драстични разлики во цената е Шпанија, каде во услови на просечна вредност од 10.

263 евра за хектар, во регионот на Екстремадура за хектар земјоделско земјиште требало да се платат во просек 4. 906 евра, а на Канарските Острови дури 83. 299 евра.

Региони со најевтино обработливо земјиште со шведските Горен Норланд и Централен Норланд, каде хектар во просек чинел 2. 041, односно 2. 437 евра.

Рентите, пак, за земјоделско земјиште биле најниски во Словачка и во просек изнесувале 57 евра за хектар, а највисоки во Холандија – 843 евра.

По региони, највисоки ренти за изнајмување обработливо земјиште имало во холандскиот регион Флеволанд од 1. 764 евра за хектар, по што следат шпанските Канарски Острови со 1.

136 евра и грчка Атика со 1. 048 евра за хектар.

Шведските Горен Норланд и Централен Норланд се региони и со најниски ренти во висина од по 24 евра за хектар, по што следуваат словачките Централна Словачка и Источна Словачка со по 39 евра.

Кога станува збор за пасиштата, пак, нивната цена по хектар во 2022 година била за околу 2. 200 евра пониска во однос на обработливите земјишта и во просек изнесувала 8. 393 евра.

Најголема разлика меѓу просечните цени на обработливите земјишта и пасиштата имало во грчките региони Атика и Северен Егеј, кој ги опфаќа островите во Егејското Море покрај бреговите на Турција.

Така во Атика хектар обработливо земјиште во просек чинело 84. 820 евра, а пасиште 25. 000 евра, додека во Северен Егеј за „нива“ требало да се платат просечно по 36.

435 евра за хектар, а за пасиште 1. 757 евра.  Од друга страна, рентите за пасиштата во просек биле најниски во Словачка, каде изнесувале 32 евра за хектар, а највисоки во Ирска од 354 евра.

За споредба, просечната рента за обработливо земјиште во Словачка изнесувала 77 евра, а во Ирска 510 евра за хектар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.