Хрватска со над 2.300 новозаразени и повеќе од 70 починати од коронавирусот

Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 2.360 новозаразени со коронавирусот, а 73 лица починале како последици од компликациите предизвикани од Covid-19

Во моментов во земјата има активен 21.861 случај на заразата, соопшти во вторникот хрватскиот Национален штаб за цивилна заштите.

На болничко лекување се примени вкупно 2.897 пациенти, од кои на респиратор се 304.

Во самоизолација ширум земјата се наоѓаат во моментов 51.108 лица.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, заклучно со вторникот, забележани се 179.718 случаи на заразата со новиот коронавирус, од кои починале 2.778 луѓе.

Вкупно оздравеле 155.079 пациентио, од кои 3.195 во последното деноноќие.

Досега биле тестирани вкупно 896.828 примероци, од кои 8.749 во последните 24 часа.