Хрватска во Шенген, Бугарија и Романија останаа надвор

Во четвртокот на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија, Хрватска доби едногласна поддршка за влез во Шенген зоната, додека за Бугарија и Романија немаше консензус, известуваат медиуми повикувајќи се на дипломатски извори.

Хрватска со тоа станува 27-ма членка на Шенген зоната и за помалку од еден месец, од 1-ви јануари 2023 година, граничните контроли ќе бидат укинати на копнените и поморските гранични премини, а на пролет 26-ти март 2023 година и на аеродромите.

Бугарија и Романија не добија поддршка, бидејќи изостанач консензусот.

Претходно во четвртокот беше објавено дека чешкото претседателство со Советот на ЕУ и Европската комисија изразиле убеденост дека Хрватска во четврток ќе добие зелено светло за влез во Шенген зоната, а изразија надежи дека тоа ќе биде овозможено и за Бугарија и Романија и покрај австриската закана со вето.

„Убеден сум дека внатре ќе ја имаме Хрватска и се надевам дека тоа ќе биде можно што се однесува до Бугарија и Романија“, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан пред почетокот на состанокот на Советот за внатрешни работи и правда. која во четврток ќе одлучува за проширување на Шенген во три земји.

На ист став е и потпретседателот на Комисијата Маргаритис Схинас. „Убеден сум дека Хрватска ќе добие зелено светло, а се надевам дека ќе добијат и Бугарија и Романија“, рече Схинас.

Схинас рече дека сите три земји се технички подготвени за Шенген, дека направиле повеќе од она што е побарано од нив. Тој рече дека „некои мали двоумење“ што постојат се од политичка природа и се засноваат на погрешна претпоставка дека со продолжување на Шенген ќе има помала контрола на надворешните граници.

„Ќе бидеме посилни, а не послаби, со проширување на Шенген, а тоа значи повеќе и подобра контрола, а не помалку“, рече Схинас.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер повтори дека ќе стави вето на влезот на Бугарија и Романија и дека ќе ја поддржи Хрватска. Тој посочи дека е неприфатливо годинава преку 100.000 нерегистрирани мигранти да влегле во Австрија преку западнобалканската рута, иако неговата земја е среде Европа и нема надворешни граници.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која ги поддржува сите три земји, рече дека не ја разбираат позицијата на Австрија.

„Не можам да ја разберам австриската позиција за ова. Знам дека во Австрија се водат големи дискусии за ова прашање“, рече Фезер и додаде дека Германија ги поддржува сите три земји.

Сите три земји имаат целосна поддршка од Франција. „Франција верува дека сите три земји заслужуваат влез“, рече министерот Жералд Дарманин.