Хрватска воведува 10-дневна Ковид изолација

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак објави дека рокот на самоизолација поради корона вирусот ќе биде 10, наместо сегашните 14 денови.

Цапак соопшти дека критериумите за тестирање нема значително да се променат, освен што приоритет ќе имаат старите лица и оние кои се грижат за нив.

Третата новина е дека луѓето кои го прележале корона вирусот и имаат документ за тоа, во рок од три месеци не се обврзани да подлежат на самоизолација, дури и ако биле во контакт со заразени лица.

Цапак изјави дека во последните две недели има пад на бројот на корона вирусни инфекции во земјата и изрази надеж дека тој тренд ќе продолжи.