Хрватска врати 4 пратки контаминиран зеленчук со пестициди од Македонија

Хрватскиот портал Даница пишува дека се вратени 4 пратки со зеленчук од Македонија наменети за хрватскиот пазар полни со пестициди. До овие податоци е дојдено откако навреме реагирала хрватската агенција за храна.

Целото овошје и зеленчук било стопирано уште на самата граница каде не било дозволен влез во земјата.

На прво место за обид за увоз на штетни производи, според овој портал се наоѓа Турција, додека ние го држиме второто место. Како штетни била идентифукувана мешаната салата, морковот и пиперките.

Хрватскиот портал ги предуппредува читателите да бидат внимателни со купувањето и да обврнат внимание ако производите доаѓаат од овие земји кои се набројани.

Како еден од најштетните пестициди се наведува klorpirifosu кој е пронајден дури во 13 пратки на овошје и зеленчук, па после него следуваат fosmet, fenamifos i formetanat. Кlorpirifosu е забранет во земјите на ЕУ од причина што предизвикува генотоксичен потенцијал и многу здравствени студии покажале дека може да влијае врз невролошкиот развој на децата. Го поврзуваат со порметување во развојот на мозкот, хиперактивност како и стопирање во развојот на растот, намалена концентрација и интелегенција.

Минатата година и во последниве месеци од оваа, вратени се од Хрватска околу 30 пратки на овишје и зеленчук наменети за тој пазар, а кои биле контаминирани со штетни канцерогени хемикалии, пишува порталот.