Хрватска забележа нова највисока бројка заразени и речисо 50 починати од Covid-19

Во Хрватска во последните 24 часа се забележани рекордни 4.080 нови случаи на заразата со коронавирусот, а како последица од компликациите што тој ги предизвикува починале уште 48 лица, соопшти во петокот Националниот штаб за цивилна заштита.

Претходниот рекореден показател на нови зарази на дневно ниво беше завележан во четвртокот, со 4.009 случаи.

Бројот на активните случаи на коронаинфекција во Хрватска според последните податоци изнесува вкупно 22.408. Од нив 2.240 пациенти се на болничко лекување, а од тоа 266 пациенти се на респиратор.

Според пресекот за последното деноноќие, во Хрватска се забележани уште 48 смерни исходи од Covid-19.

Од 25-ти февраури, кога во Хрватска е службено потврден првиот случај на зараза со новиот коронавирус, досега се евидентирани 119.706 лица носители на овој вирус, до кои 1.600 починале.

Вкупно од заразата оздравеле 95.698 лица, од кои 3.349 во последното денониќие. Во самоизолација во моментов се 51.514 лица.

До денеска хрватските здравствени власти спровеле тестирања на 724.820 примероци, од кои 11.091 во последните 24 часа од кои според тоа биле позитивни повеќе од третината.