Хрватската влада ги замрзна цените на горивата за уште две недели

Владата во понеделник наутро соопшти дека од вторник нема да поскапуваат горивата бидејќи е продолжена одлуката за уште две недели. Порачаа дека целта на владата е да го зачува стандардот на граѓаните.
Како што информираат од Владата, на седница биле донесени Уредбата за утврдување највисоки малопродажни и големопродажни цени на нафтените деривати и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за висината на акцизата за енергетски производи и електрична енергија, при што режимот за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати остануваат исти како и во претходните 14 дена.

– Во овој контекст, сегашното намалување на акцизите на нафтените деривати се продолжува за уште 14 дена. Со сите преземени мерки, целта на Владата е да го зачува стандардот на граѓаните, сигурноста во снабдувањето со енергија, а воедно и приходите во туристичката сезона. Цените на големо се фиксирани така што, со сите јавни придобивки, не можат да изнесуваат повеќе од крајната малопродажна цена пропишана со Правилникот за малопродажни места надвор од автопатиштата. Со гореспоменатата измена дополнително ќе се заштитат малите дистрибутери на нафтени деривати. Овој режим ќе се применува во наредните 14 дена – соопштија од хрватската Влада.
За потсетување, Еуросупер 95 сега чини 13,50 куни (1,5 евра), а Еуродизелот чини 13,08 куни. На автопатите цените се повисоки, па бензинот се продава за 14,57 куни (2 евра) за литар, а дизелот за 14,06 куни.