Хрватски морнар бил повреден во големата експлозија во пристаништето во Бејрут, соопшти Министерството за надворешни работи и европски работи (МВЕП).
„Во моментот на експлозијата, во Бејрут имало 11 хрватски морнари, од кои едниот е полесно повреден. Засега нема официјални податоци дека некој од хрватските граѓани смртно настрадал“, одговори МВЕ.
Повредениот морнар е Бранко Перошевиќ, кој е опериран и е во добра состојба, како и останатите морнари од бродот „Сити оф Рома“.
„Сè е коректно и се чувствувам подобро. Мојата операција траеше четири часа и помина добро“, рече Перошевиќ.
Транспортниот брод „Сити оф Рома“ кој впловил во пристаништето во Бејрут шест часа пред експлозијата претрпе голема штета.