Хрватски пратеник Главашевиќ за МКД: Борисов не е Ципрас, се надевам дека Заев ја научи лекцијата

Независниот пратеник во хрватскиот Сабор, Бојан Главашевиќ, кој е силен поддржувач на Македонија во интервју за МКД.мк вели дека Бојко Борисов не е Алексис Ципрас и дека се надева оти Зоран Заев ја научил лекцијата.

Според него, историски ревизионизам е политика на Бојко Борисов и неговата ГЕРБ, а не на сите партии.

– Социјалистичката партија на Бугарија, на пример, во Европскиот парламент гласаше за резолуцијата со која од Бугарија се бара да го признае македонското малцинство во земјата и на тие луѓе да им овозможи некои од правата. Ми изгледа дека станува збор за пресметка на Борисов со политичките противници преку македонскиот грб, а таква теза напиша во одличен текст нашиот новинар Зоран Даскаловиќ. Впрочем, јасно е дека Борисов всушност не сака никаков компромис со Македонија: тоа се гледа во реакциите на обидите на Заев да се согласи на тој наратив за „администрација”, а која всушност претставуваше окупација. Красимир Каракачанов го нарече Заев Бугарин и рече дека умот му доаѓа следниот ден. Бојко Борисов не е Алексис Ципрас и јас се надевам дека Заев ја научи таа лекција – вели Главашевиќ.