Хрватскиот гувернер има плата од 4500 евра

Хрватскиот министер за правда Гордан Марас изјави дека платата на гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ изнесува 34 илјади куни или 4500 евра. Истата, оцени, дека е превисока и непримерна посебно во момент во кој се наоѓа Хрватска и додаде дека гувернерот не може да има поголема плата од претседателот на држава и премиерот.

„Без разлика дали се работи за надомест, кој сега е вклучен во платата или само за плата, ако е поголема од претседателската е непримерна,“ изјави Марас, а пренесува ХРТ.

Тој се надева дека поради непримерниот износ, ќе реагира Советот на Хрватската народна банка.

Според Марас, оваа плата е повисока за околу 1000-1500 евра од платата на премиерот и претседателот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.