Хрватскиот тенисер Чилиќ го освои УС Опен

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е новиот шампион на УС опен, бидејќи во финалето го совлада Нишикори од Јапонија со 6:3, 6:3, 6:3.

Никој од 2002 година не успеал да го освои овој Гренд слем турнир, а да не бил рангиран во првите десетмина на светот. Тогаш тоа го направи славниот Пит Сампрас, сега 25-годишниот тенисер од Меѓугорје, Хрватска.

Чилиќ потполно доминираше во натпреварот со одличниот Јапонец кој во полуфиналето го елиминираше Ѓоковиќ.

Марин Чилиќ благодарејќи на оваа победа направи важен чекор, бидејќи поените на УС Опен ќе му овозможат да биде деветти играч во светот.