Хрватските медиуми за средбата со Белорусија

Дури и самите хрватски медиуми коментираат дека она што сепак е чудно се критиките на Лино Червар кон руските судии, откако хрватскиот ракометен селектор рече дека судиите сакле да го уништат на мечот со Белорусија.

Судиите на Белорусија и досудија три пробивања во последните три напади. Претпоследниот напад на Хрватска траеше „цела вечност“ и беше дозволен се додека Циндриќ не погоди, а потоа на Белорусите им беше подигната рака за пасивен напад по само 10-15 секунди. Не знаеме точно на кој сегмент се жали Червар, бидејќи претходно оправдано го исклучија Шилович, што не би се случило доколку не побараа прегледување на снимката. Се на се, неоправдана критика на Червар, барем по она што ние го видовме, пишуваа веднаш по натпреварот хрватските медиуми.

Веднаш по мечот, Червар изјави дека судењето не му било јасно.

„Ми се чини како да играме во гости според критериумите на играта. Судењето не ми е јасно. Таков впечаток добив“, рече Червар.