Хрватските навивачи го засенија позитивниот резултат на нивната селекција

Дуелот од квалификациите за ЕП 2016 помина со низа инциденти и прекини.

Хрватските навивачи имаа свое “шоу” на Сан Сиро, откако беа одговорни за два прекина на мечот поради тоа што фрлаа пиротехнички средства на трибините и теренот.

Ова нивно однесување, поради кое хрватскиот фудбалски сојуз ќе биде драстично казнет од УЕФА, наиде на осуда кај селекторот Нико Ковач.

“Што да кажам, не е случајност, ова не е прв пат. Се надевам дека одговорните ќе најдат решение. Им се извинив на Италијанците, ова нема никаква врска со фудбалот. Го губиме угледот, хрватскиот народ не е таков. Се срамам и уште еднаш се извинувам. Ако некој сака да протестира, нека протестира надвор од стадионот, овде има деца која мораат да стравуваат за својот живот кога се случува нешто вакво”
, изјави хрватскиот селектор.

Хрватските навивачи палејќи пиротехнички средства и фрлајќи ги на теренот при израмнувачкиот гол на Хрватска во првото полувреме, но и во 75-тата минута предизвикаа прекин на мечот.