Хрватските синдикалци од основните и средните училишта најавија штрајк

Претставници на Синдикатот на хрватските наставници и Независниот синдикат на вработените во средните училишта денеска најавија штрајк во основните и средните училишта во Хрватска.

Штрајкот на училишните синдикати е најавен за 10 октомври и ќе продолжи, како што е најавено, се додека не се исполнат барањата на синдикатот.

Тие бараат зголемување на платите и според хрватските медиуми, не сакале да дадат детали за тоа како ќе се организира штрајкот.

Правило е дека по објавувањето на штрајкот, помирување може да се постигне во следните пет дена.