Хрватските тинејџери сè помалку пијат алкохол

Во последните неколку години во Хрватска е забележан тренд на намалување на опивањето на тинејџерите, иако е сè уште висок процентот на младите луѓе кои повеќепати во животот се опиле, објави денеска Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), повикувајќи се на меѓународно истражување за здравственото однесување на учениците.

Истражувањето спроведено минатата година покажува дека во Хрватска 30,9 отсто од тинејџерите на возраст од 15 години и 18,7 отсто од тинејџерките на истата возраст се опиле повеќе пати.

На возраст од 13 години се опивале 6,7 ученици и 3,7 отсто ученички, а на 11 години, тој процент изнесува 2,4 отсто за машките и 0,4 отсто за женските, покажуваат податоците презентирани денеска.

Во 2014 година Хрватска беше високо на скалата меѓу 45 земји вклучени во истражувањето и тогаш податоците покажѓаа дека почесто се опивале само во две држави учениците на возраст на 11 и 13 години, и само во пет земји за возраст на 15 години.

Потоа, трендот на намалување на опивање тинејџери е забележан во повеќето земји, што се толкува со спроведувањето регулаторни мерки, како забрана за продажба на алкохол на малолетници, зголемување на цените на алкохолот и обезбедување опкружување без алкохол.