ХСБЦ ќе и плати на Белгија речиси 300 милиони евра поради обвинувања за даночни измами

Швајцарска филијала на ХСБЦ банка се согласи во Белгија да плати речиси 300 милиони евра за да затвори постапка поради даночни измами и перење пари, објавија белгиски обвинители.

Според нив, во 2014 година ХСБЦ помогнала и поттикнала даночна измама со основање офшор компании во Панама и други даночни оази на Кариби за богати белгиски клиенти со цел перење пари. Се проценува дека станува збор за неколку милијарди долари.

Банката се согласи да исплати 294,4 милиони евра на белгиската држава поради загуби за даночни приходи од илегалните активности. Банката спровела и реформа на својата пракса за да намали ризици од финансиски криминал по обвинувањата, наведоа обвинителите.