Httpool партнерство со LinkedIn на пазарите во 17 земји од Европа

Httpool партнерство со LinkedIn на пазарите во 17 земји од Европа
Httpool партнерство со LinkedIn на пазарите во 17 земји од Европа

Httpool објавуви ексклузивното продажно партнерство со LinkedIn во 17 земји од Централна и Источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Грција, Унгарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Словачка, Македонија, Романија, Србија, Албанија, Украина, Латвија, Естонија и Литванија. Маркетиншките  и медиумските агенции сега се во можност да се вклучат со тимовите на Httpool на овие пазари и да почнат рекламирање на LinkedIn.

LinkedIn е најголемата професионална мрежа на интернет, со повеќе од 384 милиони корисници ширум светот во повеќе од 200 земји и територии со постојан раст на бројот на корисници во Централна и Источна Европа. Како за пример, LinkedIn има повеќе од 5 милиони корисници во Русија. Платформата е достапна на 24 јазици вклучувајќи чешки, романски и руски јазик.

Фредрик Бернсел, директор на продажба во ЕМЕА изјави: „Сакавме да ги прошириме нашите услуги за рекламните агенции во регионот, така што тие ќе можат да ја искористат широката мрежа на професионалци низ пазарите во ЦИЕ. Го избравме Httpool како наш ексклузивен партнер поради силното географско присуство на сите овие пазари и важните референци на компанијата“. Httpool_logo

„Ние сме возбудени поради можноста да работиме со LinkedIn, бидејќи истиот совршено се вклопува во портфолиото на производи на Httpool. Всушност, рекламните производи на LinkedIn ќе им овозможат на компаниите во регионот можност за раст на нивните бизниси, користејќи ја ексклузивната мрежа на врвни професионалци, напредни опции за таргетирање и формати за рекламирање“, објасни основачот и извршен директор на Httpool Аљоша Јенко.

За LinkedIn

LinkedIn ги поврзува професионалците во светот за да ги направи повеќе продуктивни и успешни и ги преобразува начините на вработување во компаниите, пазарите и продажбата. Визијата на LinkedIn е да се создаде економска можност за секој член од глобалната работна сила преку тековниот развој на првиот светски Економски Графикон.

 

За Httpool

Httpool е меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали која се фокусира на пазари надвор од Западна Европа и САД и им овозможува на агенциите ефикасно спроведување на рекламните кампањи преку display, video, engagement, social и performance каналите, како на мобилните така и на десктоп уредите. Httpool користи најнапредни сопствени и лиценцирани технологии, поседува огромно меѓународно искуство и ги застапува илјадниците избрани глобални и локални медиуми низ нејзините 22 канцеларии во Централна и Источна Европа и Азија.