Хуан Мата ќе му асистира на Диего Коста

Атлетико Мадрид одбива да го продаде Диего Коста, на „Висенте Калдерон“ ќе го донесе и Хуан Мата

Не само што нема да прифатат ниту една понуда за новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, раководните лица на моментално второпласираниот тим во шпанската Примера дивизион, Атлетико (М), потврдија дека ќе потрошат сериозна парична сума за време на зимскиот преоден рок.

На врвот од списокот со фудбалери кои би требало да се преселат на “Винсенте Калдерон” во јануари е името на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Хуан Мата.

Одличниот играч за врска повтоно ја грее клупата за резервни играчи и поради таа причина повторно е актуелна приказната дека поранешниот фудбалер на Валенсија ќе си замине од “Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок.  Најавениот кам-бек на Хуан Мата во шпанската Примера дивизион може да стане реалност само доколку понудата на “јорганџиите” не биде помала од 25 милиони евра.