Huawei ги тужи САД поради забрана за производи и опрема

Kинескиот телекомуникациски гигант Huawei во четвртокот објави дека ја тужел американската влада поради нејзиниот закон за забрана на користење на неговите производи и опреми во државните служби поради безбедносни причини.

Привремениот директор Гуо Пинг изјави во Шензен дека законот кој го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп „не само што е незаконски, туку му забранува на Huawei чесна конкуренција, а тоа им штети на американските купувачи“.

Тужбата е поднесена на судот во округот План, во сојузната држава Тексас.

САД „повторено не може да пронајдат докази со кои би се поддржала забраната за производите на Huawei“, рече Гуо. „Принудени сме да преземеме правни мерки како законски и последен обид“.

Тензиите околу Huawei ги заострија кинеско-американските односи последните месеци, во време кога двете земји водат преговори за новиот трговскиот договор со кој би се спречила долготрајна трговска војна.

Во Канада судот во моментов го разгледува барањето на САД за екстрадиција на главната финансиска директорка на Huawei, Менг Ванжу, ќерката на основачот на компанијата Рен Женгфеи.

САД ја обвинуваат неа, Huawei и нивната американска филијала Skycom дека сториле финансиски измами и заговор поради перење пари. Обвиненијата веројатно се поврзани со можно кршење на американските санкции против Иран.

Во јануари САД во засебен случај го обвини Huawei за измама за пренесување пари, опструирање на правдата и заговор и заговор поради кражба на трговски тајни на американската компанија T-Mobile.

САД, исто така, ја отфрлаа кинеската технолошка експанија така што бара другите земји да ја забранат 5G технологијата на Huawei, за којашто Вашингтон вели дека претставува безбедносна закана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.