Huawei и Google бараат решение за американските санкции

Кинескиот и американскиот технолошки концерни, „Huawei“ односно „Google“ ги разгледуваат можностите како да ги надмината американските ограничувања за компанииите кои соработуваат со кинеската компанија, изји нејзиниот основач Рен Женгфеи за конеските медиуми.

„Google е добра и одговорна компанија“, истакнал Рен. Додал дека двете компании минатата седмица веќе расправале за мерките коишто американското министерство за трговија на домашните компании настојуваше да им ги ублажи последиците од ограничувањата и обврската да добијат дозволи за испорака на своите производи на „ Huawei“.

Американскоо министерство за трговија во понеделникот објави дека американските компании ќе бидат поштедени од споменатата обврска во следните три месеца.

Од „Google“ одвоено вчера соопштија дека ќе продолжат да ги поддржуваат постојните паметни телефони на „ Huawei“ кои го користат неговиот оперативен систем Android. Меѓутоа, откако ограничењата стапија на сила, некои популарни услуги како што се Google Play, Google Play Store и Gmail би можело да не бидат достапни за смартфоните на кинескиот производител, што ќе ги прави помалку привлечни за потрошувачите.

Забраната, исто така, влијае врз американските производители на чипови и мемориски картички, како што се „Intel“, „Qualcomm“, „Xilinx“ и „Broadcom“. Компаниите ги известија во понеделникот своите вработени дека на неодредено време ја суспендираат соработката со „Huawei“, објави агенцијата Bloomberg. Јапонскиот финансиски дневени веснил Nikkei се надоврз и дека германскиот производител на чипови „Infineon Technologies“ но за оние кои се произведени во САД а компанијата негираше дека целосно е прекината испораката на чипови за кинеската компанија. Весникот објави дека како и американските производители на мемориски картички и „Micron Technology“ и „Western Digital“, ги прекинале испораките на своите производи за „Huawei“.

„Европа ја продолжува многу тесната комуникација со нас“, рекол Рен, додавајќи дека технологијата на 2Huawei“ за мобилните мрежи од новата генерација 5G им одговараат на европските потреби.

Вашингтон бара од европските сојузници да не ја користат 5G технологијата на „Huawei“ од безбедносни причини. САД тврдат дека „Huawei“ има финансиска поддршка од Пекинг, како и дека шпионира за кинеските власти, но тоа со ништо не го докажуваат.

Претставништовото на трговската комора на ЕУ во Кина истакна во понеделникот дека се противи на „злоупотребата на националната безбедност во име на трговските преговори или протекционизмот“.

Рен, пак, тврди дека „Huawei“, вториот произведувач на паметни телефони на светот по јужнокорејски „Samsung“, може да се носи со притисокот од САД.

„Нашите капацитети е многу големи. Компанијата нема да има негативен раст и ова нема да ѝ наштети на индустријата. Кога станува збор за 5G технологијата, никој не може да го надмине ‘Huawei“ во следните две до три години“, порача Рен.

Ставањето на „Huawei“ на американската „црна листа“ се совпадна со интензивирањето на трговската војна мешу САД и Кина во која Вашингтон настојува да го намали дефицитот во размената кој во 2017 година кога Кина кон САД имаше рекорден суфицит од 375,2 милијарди долари. Трамп сака да го намали за 200 милијарди долари до 2020 година. По повеќемесечните преговори кои промаднаа кон крајот на април, Вашингтон ги зголеми царините на кинескиот увоз во износ од 200 милијарди долари. Кина возврати со зголемување на царините за стоки во износ од 60 милијарди долари со потекло од САД. Трговската војна ги поремети синџирите за снабдување и ги потресе пазарите, заканувајќи му се на глобалниот економски раст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.