Huawei ќе продолжи да ги опслужува своите корисници низ целиот свет

Кинеската телекомуникациска компанија „Huawei“ ќе продолжи да обезбедува надградување на безбедносниот систем за своите уреди коишто се продаваат ширум светот, соопштија во понеделникот откако американскиот технолошки гигант Google објави дека ја суспендира соработката со кинескиот партер

„Huawei ќе продолжи да обезбедува безбедносни надградби и услуги ппо продажбата за сите постојни продукти на компанијата, вклучително и сите Huawei и Honor ппаметните телефони и таблетите, вклучувајќи ги оние кои се веќе складирани во магацините низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Се додава и дека компанијата ќе продолжи да развива безбеден и одржлив софтверски екосистем за да обезбедиме подобра услуга за корисниците глобално да им го пружиме најдоброто искуство“.

Од „Huawei“ меѓу друготот потенцираат дека дале голем придонес во развојот и растот на оперативниот систем Andriod глобалниот пазар и тесно соработувал со неговите платфорнм со отворен код во равивањето екосистеми за корисниците и за целата телекомуникациска индустрија.

Во соопштението кое на локални ниво до медиумите го испратија сите претставништва на „Huawei“ ја пренесуваат и изјавата од компаниите „Google Android“, при пшто велат дека се придржуваа до одлуакта и дека ги разгледуваат импликациите“. „За корисниците на нашите услуги Google Play и Google Play Protect и натаму ќе функционираат на постојните уреди на Huawei“, наведуваат од американската компанија.

Од „Android“, пак, по повод прашањата од корисниците на уредите на „ Huawei’ во врска со нивните чекори за усогласување со неодамнешните забрани од американската влада, одговараат дека се придржуваат до сите барања на властите во САД.