Huawei се подготвува за пад на испораките на паметни телефони во странство за 60 отсто

Кинескиот технолошки гигант „Huawei Technologies“ се подготвува за пад на меѓународните испораки на своите паметни телефони од 40 до 60 отсто, пишува агенцијата Bloomberg News.

Повикувајќи се на лица запознаени со ситуацијата, Bloomberg пишува во неделата дека компанијата ги разгледува опциите коишто вклучуват повлекување од странските пазари на најновиот модел на својот паметен телефон „Honor 20“. Телефонот ќе почне да се продава во одредени региони на Европа, вклучително и Британија и Франција, од 21-ви јули, а шефовите ќе го надгледуваат лансирањето и можеби ќе ги прекинат испораките, доколку продажбата оди лошо.

Маркетинг и продажните менаџери на „Huawei“ интерно проценуваат дека оваа година компанијата би можела да испорача меѓу 40 и 60 милиони паметни телефони помалку. За да го надомести падот во странство, во компанијата имаат намера да ја достигнат половината од кинескиот пазар на паметни телефони во оваа година, пишува Bloomberg, додека од кинеската компанија не одговориле на барањето на Reuters за коментар.

Американската влада во мај „Huawei“, најголемата светска компанија за производство на телекомуникациска опрема, ја стави на „црната листа“ со која им се забранува на доставувачите од САД да работат со неа, правдајќи го тоа со „загриженост за националната безбедност“, Основачот и главниот извршен директор на конзорциумот, Рен Женгфеи, тогаш изјави дека замбраните „може да го забава, но само незначително“, растот на компанијата.

Тешкотиите на компанијата влијаат врз трговските тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека приговорите на САД против Huawei може да се решат во рамките на кој и да е трговски договор.

Забраната е делумно ублажена за да се овозможат привремени дозвол кои на Huawei му овозможуваат купување американски стоки. Меѓутоа, американскиот произведувач на чипови „Broadcom“ минатата седмица испрати сериозно предупреддување за глобалната индустрија на чипови, прогноирајќи дека трговските тензии меѓу САД и Кина и забраната за „Huawei“ ќе ги намали проходите од годинешнава продажба за две милијарди долари.