Huawei, Xiaomi и ZTE ги тестираат можностите на 6G во Кина

225

Кинеските технолошки гиганти Huawei, Xiaomi и ZTE ги тестираат во Кина потенцијалните начини на примена на 6G безжичната мрежа, која треба да го надмине својот претходник во однос на брзината на поврзување и капацитетот за пренос на податоци.

Кина започна истражувања на мобилниот интернет од шестата генерација 6G, во ноември 2019 година, кога тестирањата ги објави кинеското министерство за наука и технологија според кое основана е и работната група што ќ́е работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6Г технологијата“, соопшти тогаш министерството.

Претходно Кина ја воведе 5G технологијата што овозможува сто пати побрз проток на податоци од постојните 4G мрежи.

Извори блиски до компаниите сега велат дека нивните проекти треба да ги дадат првите резултати до 2023 година, а новите стандарди треба да бидат воспоставени до 2026 година, потребните системи да бидат изградени до 2028 година и првата комерцијална употреба на новата мрежа да биде во 2030 година.

Huawei моментално собира иноформации за проблемите идентификувани кај 5G со цел да се елиминираат кај 6G. Според еден од корпоративните директори во компанијата, идната мрежа, меѓу другото, треба да се користи за Интернет на нештата, автономни возила и паметни фабрики.

Експерти ги потенцираат предносите на 6G во однос на 5G, како што е инсталацијата на помалку антени со цел да се поркие поголема територија и помалта латенција или доцнење на сигналот, односно пократко време потребно да се пренесат податоци низ мрежата.

Освен Huawei, Xiaomi и ZTE, јужнокорејскиот гигант Samsung и LG, исто така, се дел од глобалната трка на патот до идната генерација телекомуникации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.