Хулигани во Струмица почнаа со уништување на банери и провоцирање инциденти

Вандали во Струмица доцна синоќа почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, објави Курир.

По пример на вандалите кои во Скопје ги сквернавеа спомен обележјата, платените хулигани во Струмица го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица.

baner-strumica

Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Нивните излози настрадаа, а денес жестоки реакции има и од сопствениците и од струмичани. Тие велат дека во ваква валкана кампања не смее да се влегува и дека поразот мора достоинствено да биде прифатен.

baner-strumica1

baner-strumica2

baner-strumica4

Во текот на денешниот ден случајот ќе биде пријавен во Министерството за внатрешни работи, а се очекува техничкиот министер Оливер Спасовски кој е генерален секретар во СДСМ и носител во ИЕ 2 да изврши притисок врз началникот на струмичката полиција за инцидентот да биде веднаш расветелен.

baner-strumica5

Во близина постои безбедносен видео надвор и не би требало да биде проблем за струмичката полиција да ги открие вандалите доколку постои политичка волја, пишува Курир.