Хуманитарна акција на SPORT LIFE: Навиваме заедно за Mакедонија

29

Sport Life ги повикува сите играчи да се вклучат во хуманитарната акција – „Навиваме заедно за Македонија“, за поддршка на изградбата на центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид.

За секој уплатен тикет во периодот на eвропското фудбалско првенство, на кој што ќе биде одиграна и македонската репрезентација, 10 отсто од целокупната уплата ќе бидат пренаменети за донацијата за центарот за деца со аутизам во Охрид.

Aктуелното Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 го привлече вниманието на целата јавност. Нашата репрезентација ќе настапи како една од 24-те најдобри национални фудбалски екипи во Европа. Возбудата е голема, а надежта уште поголема за што повисок пласман и победа на нашиот тим. Оттука, очекуваме голем број на тикети и типувања кои ќе придонесат истовремено и за постигнување на што поголема донација за подобрување на условите за грижа и третман на децата со посебни потреби.

Акцијата ќе трае од 11-ти до 21-ви јуни, односно ќе ги опфати натпреварите, во кои ќе игра нашата репрезентација во првата групна фаза на првенството. Резултатите од акцијата ќе се следат преку броило поставено на веб страницата на Sport Life, така по одигрувањето на секој натпревар на нашата екипа, ќе се ажурира износот на остварените средства за донацијата.

За подобар живот и унапредување на условите за третман на лицата со аутизам секоја поддршка е вредна, затоа да навиваме заедно, да ги поддржиме настапите на нашите фудбалери на ЕУРО 2020 и вклучувајќи ги на својот тикет да обезбедиме што повеќе средства за потребите на центарот за деца со аутизам во Охрид.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.