Хуманитарна катастрофа во источна Украина

Заменик директорот на руската Федерална миграциска служба, Анатолиј Кузњецков денеска изјави дека хуманитарната катастрофа на истокот на Украина е се поголема.

– Во југоисточна Украина има хуманитарна катастрофа со тенденција за зголемување. Луѓето бегаат од војната. Дел од нив чекаат промени и се надеваат на враќање додека други се одлучиле да останат, изјави Кузњецов.

Од почетокот на оружените судири повеќе од 18.000 жители на Украина побегнале од југоисточните региони Лугањск и Доњецк и моментално се во руски региони долж границата.

Околу 2.000 заминале од други украински региони. Во привремени центри во Русија се повеќе од 11.200 бегалци од источна Украина. Речиси 3.000 Украинци кои побегнале од зоните на судири добиле досега официјален статус бегалци во Русија, потврди Кузњецов.