Хуманитарна организација предупредува на растечка сиромаштија во Франција

Меѓународната хуманитарна организација Catholic Relief денеска предупреди дека Франција се соочува со зголемување на сиромаштијата.

Според годишниот извештај на организацијата, 48 отсто од домаќинствата кои побарале помош од организацијата во 2021 година немале доволно пари да се прехранат.

По плаќањето на сметките и неизбежните трошоци, секое второ домаќинство до крајот на месецот имало на располагање по 295 евра, што е помалку од пет евра дневно по лице. Организацијата проценува дека за задоволување на минималната потреба од храна е седум евра по човек дневно.

Околу 75 отсто од примателите на Catholic Relief се нови корисници. Поради енергетската криза и растот на цените во 2022 година, организацијата очекува влошување на ситуацијата.

– Овие семејства веќе прават многу за да ја намалат потрошувачката на струја и гас, како ќе се снајдат ако следната година цените се зголемат за 15 проценти“, прашува Вероник Девис, претседателка на Catholic Relief во интервју за весникот „Ла Депеш“. “.

Организацијата бара да се зголемат минималните социјални бенефиции на 40 отсто од средниот приход и да се прилагодат на инфлацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.