Хумелс го посака Манчестер Ј. Челзи и Барса за противник во ЛШ

Централниот дефанзивец на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Матс Хумелс е еден од ретките фудбалери кои за противник во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, за противник ги сака тимовите на Манчестер Јунајтед, Барселона или Челзи.

„Сакам да играм против тим кој не бил противник на Борусија од Дортмунд во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони. Би сакал за противник да го добиеме Манчестер Јунајтед, Барселона или Челзи. Сепак, не е важно кого ќе добиеме за противник, нема лесен противник во Лигата на шампиони. Сите сме среќни поради пласманот во следната рунда. Не ни беше лесно против Зенит иако ни одговараше и реми и минимален пораз. Зенит одигра многу подобро во споредба со претходниот натпревар, а мора да го пофалам Дани кој одигра фантастично”, изјави репрезентативецот на Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.