Хуситите се подготвени да нападнат 300 цели во Саудиска Арабија и ОАЕ

Бунтовничкото јеменско движење Ансар Алла на шиитското племе Хусити по централниот нафтовод во Саудиска Арабија, има намера да нападне уште околу 300 витални стратешки цели на територијата на сунитската монархија, како и во соседните Обединети Арапски Емирати, пренесува во неделата агенцијата SABA блиска на шиитските бунтовници.

Како што изјавил за агенцијата извор во министерството за одбрана на јеменските бунтовници, нападот врз централниот нафтовод во Саудиска Арабија, е првата од списокот со 300 цели.

„Остануваат уште 299 цели. Меѓу нив се воени и стратешки објекти на териториите на Обединетите Арапски Емирати и на Саудиска Арабија“, го цитира агенцијата својот неименуван соговорник.

Претходно седмицава бунтовниците поддржани од Иран од јеменското движење Ансар Ала започнаа напади со беспилотни летатал врз саудискиот централен нафтовод, предизвикувајќи оштетувања на пумпните станици и привремен прекин во снабдувањето со нафта во цевководот. Медиумите во регионот потсетуваат дека минатата седмица, исто така, неидентификувани лица предизвикаа експлозии на два саудиски нафтени танкера во територијалните води на Емиратите, во близина на пристаништето на емиратот Фуџејра.

Во ноември минатата година побунетите Хути кои веќе петта години војуваат против јеменската влада која ја поддржува Саудиска Арабија, најавија дека се подготвени да договорат преки на огнот „доколку коалицијата предводена од Саудијците сака мир“.

Kоалицијата којашто ја води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година меѓу племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алла“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Специјалниот претставник на ОН во Јемен, се обидува да ги спаси мировните преговори, кои беа прекинати во септември 2018-та по масакрот во кој саудиската коалиција погоди автобус со деца кога имаше над четириесет жртви. Покрај тоа, преговорите беа прекинати откако Хутите не се појавија, обвинувајќи дека коалицијата предводена од Ријад го спречила патувањето на нивната делегација. Со ова се зголеми опасноста од повторен напад врз градот на брегот на Црвеното Море. Худејдах е главното јеменско пристаниште, како и извор на хуманитарна помош за многу Јеменци на кои им е неопходна.