Хутите со дронови успешно погодиле повеќе цели во Саудиска Арабија

Борците на движењето Хути од Јемен, објавија дека со 14 дронови успешно погодиле повеќе цели во неколку градови во Саудиска Арабија.

Бунтовниците од Јемен речиси цела деценија се во војна со коалицијата предводена од Саудиска Арабија, а според извештаите нивните дронови успеале да ги погодат нафтените рафинерии на државната компанија за производство на нафта Сауди Арамко во Џеда. Нивните претставници изјавија дека се погодени и воени цели во Ријад, Абха, Џизана и Надржан.

Ова не е прв напад со дронови, кои хутските бунтовници поддржани од Иран, го имаат изведено на саудиска почва.