Хутите тврдат дека истрлале ракета кон нуклеарен реактор во ОАЕ

Милицијата на јеменското шиитско племе Хути истрелале крстосувачка ракета кон нуклеарната централа во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, објави во неделата телевизискиот сервис на оваа бунтовничка група на својата интернет страница, без да понуди дополнителни докази.

„Ракетните сили го објавуваат лансирањето на крстосувачка ракета Милицијата Ансарулах на Хутите во Јемен кон нуклеарниот реактор ал-Бараках во Аби Даби“, соопшти интернет страницата al-Masirah во неделата, блиска на милицијата Ансарулах на шиитските јеменски Хути.

И други јеменски медиуми објавија дека ракетата „успешно го погодила“ нуклеарниот реактор кај Аби Даби. Меѓутоа, нема никакви извештаи дека ракетата достигнала до Емиратите.

Полковникот Азиз Рашид, портпарол на јеменската армија изјавил за либанската телевизија Al Mayadeen, блиска на шиитското движења Хезболах, дека ракетниот напад претставува „политички и воен одговор на улогата на ОАЕ во уништувањето на Јемен“. Тој, исто така, инсистира дека ракетата ја погодила целта.

Државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, сепак, ги негираше извештаите за ракетата од Јемен ја погодила нуклеарната централа. Агенцијата WAM посочува дека ОАЕ поседуваат системи за воздушна одбрана кои можат да соборат вакви проектили.

Хутите, коишто ја имаа поддршката од Иран, го контролираат поголемиот дел од северен Јемен, уште во септември истакнаа дека ОАЕ, којашто учествува во сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија против нив од 2015 година, станува „легитимна цел“ на нивните ракети.

Нуклеарната централа ал-Бараках која ја изградила корејската енергетска корпорација KEPCO треба да биде довршена и ставена во функција во 2018 година, истакнува министерството за енергетика на ОАЕ.

Ова е вторпат годинава Хитите да тврдат дека истрелале ракети кон Емиратите. Пред неколку месеци објавија дека „успешно“ лансирале пробен проектил кон Абу Даби.