И 60 коша на Лилард не го спасија Портланд од пораз

Демиен Лилард изминатата ноќ стана првиот играч во НБА лигата кој сезонава постигна на еден натправар 60 коша, но тоа не беше доволно неговите Портланд Трејл Блејзерс да се спасат од поразот со 115:119 од гостинските Бруклин Нетс.

Минатата сезина во НБА трипати се случи играчи да постигнат 60 коша на еден дуел. Џејмс Харден двапати постигна по 61 кош, а Кемба Вокер постигна 60 за Шарлот Хорнетс.

Бруклин, кој водеше во првите 40 минути од натпреварот, беше предводен од Спенсер Динвиди и Кајри Ирвинг кои заедно постигнаа десет „тројки“. Динвиди мечот го заврши со 34 коша, а Ирвинг додаде 33 поени.

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ постигна „тројка“ со звукот на сирената на крајот од мечот со која на Јута Џез им обезбеди победа над гостинските Милвоки Бакс со 103:100. За Џез ова е втора победа по ред, а Бакс, кои имаа заостанување од 22 поени во првото полувреме и на паузата отидоа со 20 коша минус, го впишаа првиот пораз по четирите победи.

Во последните 90 секунди од мечот Јута испушти и предност од 8 поени. Ерик Бледшо ги постигна првите четири поени во серијата на Милвоки пред положувањето на Стерлинг Браун со што Бакс дојдоа до 100:98. Богдановиќ тогаш не погоди за „тројка“, а Руди Гоберт направи прекршок. Крис Мидлтон ги погоди двете слободни фрлања за 100:100 на осум секунди пред крајот. По тајм-аутот за Џез, Џо Инглес додаде до Богдановиќ кој шутираше преку рацете на Мидлтон и погоди за победа.

Богдановиќ за 38 минути на теренот постигна 33 коша со пет скокови. Донован Мичел додаде 19 поени а Јута, а Мајк Конли 20, додека Руди Гоберт оствари дури 17 скокови. Јанис Антетокунмпо беше најдобар кај Милвоки со 30 коша, од кои 28 во второто полувреме, на што додаде и 13 скокови. Мидлтон додаде 26 коша со 11 скокови.

Њујорк Никс на гости со 106:102 ги совладаа Далас Маверикс, а ги продводеше Маркус Морис со 29 коша. На Маверикс не им помогна ниту Словенецот Лука Дончич кој повторно мечот го заврши со „трипл-дабл“ – со 38 коша, 14 скокови и 10 асистенции.

Данвер Нагетс со 100:97 ги победија Филаделфија 76ерс надоместувајќи заостанување од дури 21 поен. До победата ги водеше Србинот Никола Јокиќ со 26 коша, вклучително и погодокот на 2,2 секунди пред крајот.

Лос Анџелес Лејкерс со 95:80 дома беа подобри од Мајами Хитс. Ентони Дејвис за седмата победа на својата екипа сезонава постигна 26 коша со 8 скокови, а Леброн Џејмс 25 поени. Кај Мајами најдобар беше Џими Батлер со 22 поени.

Минесота Тимберволфс славеа со 125:119 над Голден Стејт Вориорс по продолженијата, а Ендрју Вигинс продонесе со 40 коша. Кај Вориорс најдобар беше Д’Анџело Расел со 52 поени.