И 7.000 чекори дневно се доволни за подобрување на здравјето

San Francisco, USA

Нема волшебна бројка кога станува збор за физичките активности, но тоа не значи и дека бројките не се важни. Не се тешки да се запаметат а бидејќи вежбите се лесно мерливи, тие може да имаат важна улога во јавното здравје како показател колку вежбањето му е потребно на човекот.

Кога станува збор за одењето, односно пешачењето, многумина веднаш помислуваат на бројката 10.000, долго идеализирана како секојдневно потребен број чекори за подобрување на здравјето, пишува порталот Science Alert.

Докази за позитивиниот ефект од одењет врз здравјето има напредок, а студиите за должината и интензитетот често се спроведуваат. Во последната таква, обајвена во магазинот на американското здравствено здружение ЈАМА, научниците предводени од Аманда Палух од Универзиттот Масачусетс со години следеле 2.000 мажи од четири америакнски градови. Експериментот започнал во 2005 и траел до 2018 година, до кога 72 отсто од членовите на почетната група испитаници починале.

Групата мажи на просечна возраст од малку над 45 години, носеле акцелерометри кои секојдвно ги бележеле бројот и интензитетот на нивните чекори. Резултатите покажале дека постои помал ризик од прерана смрт кај лицата кои дневно препешачувале 7.000 чекори во спореда со оние кои изодувале поалку. Истовремено, утврдено е дека интензитетот на одењето немал ефект врз моратлитетот.

Научниците сметаат дека зголебувањето на бројката на чекорите кај најмалку активната популација значително придонесува за подобрувањето на нивното здравје, но по одреден праг дополнителните чекори повеќе немаат и дополнителен ефект.

„Повеќе од десет илјади чекори дневно не ги поврзавме со дополнителните намалувања на ризикот од превремена смрт“, велат научниците во заклучоците од нивното истражување.

Иако резултатите го потврдуваат она што е веќе познато за ползата од одењето од претходните такви студии, новиот праг од 7.000 чекори без соменение е полесно остварлив отколку 10.000 и би можел да претставува мотивација за одење и за оние кои не се нклонети на пешачењето.

„Бројката на чекорите во еден ден е едноставна и лесно мерлива цел, и е одличен начин за прооција на здравјето. Седум илјади чекори дневно би можело да биде реална цел и за најмалку активните поединци“, додаваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.