И Ајнштајн се потпишал за ослободување на Брашнаров, власта игнорирала, како што сега се игнорира народната волја

Во 1929 година е потпишано меѓународно протестно писмо за ослободување од затвор на ПАНКО БРАШНАР – стариот велешки револуционер и мој сограѓанин. Легендарниот учител кој го отвори АСНОМ у „Прохор Пчињски“! Епа Он, драги мои неписмени и подмитени социјал-демократи, се бореше за Социјалистичка Република Македонија (СРМ), а не за Република Северна Македонија (РСМ). Исто е, ама не е исто, а?, пишува универзитетскиот професор Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.

Меѓу 68-те потписници на Писмото се наоѓа и името на светски познатиот научник Алберт Ајнштајн! Тогашната окупаторска власт целосно ја игнорира петицијата, исто како што денешнава тиранска власт целосно ја игнорира народната волја, додава тој.