И Анѓушев го предизвикал стечајот на ТЕ-ТО и станал дел од скандалот вреден 200 милиони евра!

На последниот ден од политичката кариера на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, порталот „Економски Лидер“ го објави четвртото продолжение од скандалот во централата ТЕ-ТО, кој според проценките на нивните истражувачи изнесува околу 200 милиони евра.

Додека Анѓушев си ги собира работите од неговата канцеларија, ние објавуваме како бил дел од лажен стечај и како го оштетил државниот буџет.

Според досегашните откритија на истражувањето, кои со факти не ги демантираше никој од споменатите (прв делвтор дел), руските сопственици на централата ТЕ-ТО направиле лажен стечај (кој е детектиран и од финансиската полиција) преку кој извлекле стотици милиони евра од државата и така ги оштетиле акционерите од Топлификација во компанијата.

Потоа, затоа што на извлечените пари требало да се плати данок – владата изгласа одлука со која практично го простува данокот на ТЕ-ТО кој со аконтации изнесува околу 20 милиони евра.

Податоците до кои стигнал „Економски Лидер“ од судската постапка во која се случил лажниот стечај на ТЕ-ТО (стечај и реорганизација во еден ист ден), покажуваат дека пред судот, русите од ТЕ-ТО тврделе дека одат во стечај поради „Условеноста на ТЕ-ТО да прима електрична енергија на краен трговец назначен од добавувачот на природен гас по така наречен принцип на полутоплиг и тоа индексирао само на една регионална берза“.

Првата причина за стечајот е набавката на природен гас, која, пак, се врши од фирмата која е сопственик на централата.

Ова практично значи дека причината за стечај на ТЕ-ТО се руските сопственици на ТЕ-ТО заедно со фирмата ЕДС, која во тој момент е сопственост на Кочо Анѓушев.

Дека фирмата на Анѓушев е таа која имала договор за електрична енергија, потврдуваат и документите од годишните ревизии на ТЕ-ТО.

Ова практично значи дека токму тој го предизвикал стечајот со кој се извлекле преку 150 милиони евра од рацете на акционерите на Топлификација, по што подоцна, како вицепремиер во владата изгласал одлука да се прости данокот за овие пари.

 

 

 

Да биде иронијата уште поголема, истакнуваат од Економски лидер, за овој случај по пријава на Топлификација и Финансиска полиција е поднесена кривична пријава до ОЈО, но, обвинителката Вилма Русковска не го процесуира случајот.

Повеќе за случајот во интервјуто со еден од оштетените акционери: