И Австралија го откажа учествува на Олимписките игри ако не бидат одложени

18

Австралискиот олимписки комитет соопшти дека нема да може да ги собере своите спортисти за Олимпијадата во Токио предвидена за јули оваа година.

– Австралискиот олимписки комитет одржа телеконференција на Извршниот комитет и едногласно донесе одлука дека австралискиот тим не може да се собере во вакви услови дома и во странство. Игрите не можат да се одржат во јули. Стресот и неизвесноста предизвикана од пандемијата на коронавирус ја прават подготовката исклучително тешка, се вели во соопштението.

Канада претходно објави дека нема да ги испрати своите спортисти на Игрите во Токио, Јапонија, доколку не бидат презакажани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.