12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

И Азербејџан по Ерменија прогласи воена состојба, ЕУ повика на прекин на огнот

По Ерменија и Азербејџан прогласи воена состојба откако вчера изутрина тензиите во овој регион ескалираа со вооружен судир, во кој има и цивилни жртви.

ЕУ побара итен прекин на огнот. Властите во самопрогласената Република Нагорно Карабах, објавија дека во судирите азербејџанските сили убиле 16 нејзини војници, а повеќе од 100 биле ранети.

Меѓународниот Црвен крст ги потврди обвинувањата од Ерменија дека се нападнати цивилни населби, и извести дека има жртви и меѓу цивилите, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, изјави дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган долж линијата на раздвојување.

Ерменија пак тврди дека нападот први го започнале силите на Азербејџан.Ереван соопшти дека сите опции се во оптек а мегу нив и дипломатско признавање на Карабах, која пред три децении се отцепи од тогашната Советска Република Азербејџан.