И Бордо и Марсеј изненадувачки елиминирани во францускиот куп

Фудбалерите на Бордо се најновата жртва во првото коло на францускиот национален куп, а беа победени на нивниот терен од второлигашот Л’Авр со 0:1, со голот на Асифуа во 48 минута.

Претходно во неделата Олимпик Марсеј беше понижен на гостувањето во Сен Етјен кај четвртолигашот Андрезју, за кој стрелци беа Бран-Кливи Нгвабие во 17 и Флориан Мила во 82 минута.

Во неделата Монако, кој е претпоследен на првенствената табела во првата лига со голот на Силе во 3 минута го совладаа петтолигашот Кане Русијон.

Така во неделата продолжи низата сензационални резултати во 32-финалето од францускиот куп, која во саботата ја отворија фудбалерите на францускиот шестолигаш Вири-Шатијон проредија сензација пласирајќи се во 16-финалето од националниот куп откако со 1:0 го совладаа прволигашот Анжер кој во 2017 година во финалето на ова натпреварување беше поразен со 0:1 од Пари Сен Жермен.

Изненадување приреди и третолигашот Антант кој, исто така, со 1:0 го совлада Монпелје. Од прволигашите и Нимс кој беше убедливо совлдан на гостувањето кај третолигашот Лион-Душер со 0:3. Неочекувано беше елиминиран и второлигашот Ниор кој е поразен на гостувањето кај четвртолигашот Бержерак Перигор со 2:1.

Шампионот ПСЖ подоцна вечерва игра кај аметерскиот член на петтата лига Понтиви, а во составот најавени се и двете најголени ѕвезди Нејмар и Килиан Мбапе.