И Бугарија ќе ја подржи Унгарија во спорот со ЕУ

Бугарија ќе ја поддржи Унгарија во спорот со ЕУ во врска со наводното кршење на демократските стандарди, рече бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, додавајќи дека источноевропските земји мора да се здружат во односите со Унијата.

Европскиот парламент минатата недела ги поддржа санкциите за Унгарија, обвинувајќи ја Владата на премиерот Виктор Орбан за кршење на стандардите за демократија, граѓанските права како и за корупција.

Ова теоретски значи дека Унгарија може да го изгуби правото на глас во ЕУ, но секоја земја-членка може да стави вето на таквиот потег, а Полска и Чешка тоа веќе го најавија.

Каракачанов рече дека владата едногласно се согласила за заедничка позиција против какви било санкции против Унгарија.

“Ние веруваме дека тоа е кршење на суверенитетот на членка на ЕУ. Денес ова се случува во Унгарија, но утре може да биде Полска, а подоцна и Бугарија, рече тој по состанокот на Владата.

Тој додаде дека земјите од Централна и Источна Европа мора да бидат меѓусебно солидарни и да си помагаат една со друга затоа што имаат заеднички проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.