И денеска дојава за бомби во 18 училишта во Скопје

Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Учениците во моментов се евакуираат од страна на вработените.

Едно од училиштата каде стигнало дојава е основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.