И денеска Табановце пребукиран – македонски граѓани брзаат да се вакцинираат во Србија, камерите исклучени

На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Инаку како и вчера така и утрово камерите на Јавното претпријатие за државни патишта се исклучени само на граничниот премин Табановце со што се оневозможува граѓаните да ја видат моменталната ситуација таму.